Хрватите со жестоки критики до Адеми: Ти немаш никаков морал!


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Вчера беше објавена информацијата дека хрватски Динамо Загреб, односно нивните првотимци не ги прифатиле најдобро барањата да им биде скратена платата.

Тоа предизвика вистинска бура меѓу Хрватите, кои денеска ги критикуваа ѕвездите на Динамо, меѓу кои е и капитенот и македонски репрезентативец Аријан Адеми.

„Фудбалерите покажаа дека не живеат во реалниот свет и не знаат како им е на работниците кои се мачат и се борат против вирусот со плата од само 700 евра. Тие добиваат од 200.000 до 700.000 евра годишно и не сакаат да се откажат ниту од дел од платата. Капитенот Аријан Адеми нема никаков морал, зашто како лидер на тимот треба да ги убеди соиграчите да прифатат намалување. Не заслужуваш да ја носиш капитенската лента!“, пишуваат медиумите.