Хрватска губи голем бисер: Репрезентативец ќе ги „предаде“ своите и ќе заигра за Србија!?


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Фудбалерот на Динамо Загреб, Бојан Кнежевиќ потврди дека добил повик од Фудбалскиот сојуз на Србија и ја разгледува можноста да заигра за нивната репрезентација.

Кнежевиќ е роден во Загреб и во моментов настапува во Локомотива Загреб, на позајмица од Динамо Загреб, а ги помина сите младински селекции на Хрватска и со години беше голема надеж на хрватскиот фудбал.

„Вистина е. Ме повикаа неодамна од Србија и ми кажаа дека постои можност да играм за Србија, па ме прашаа дали сум заинтересиран. Изненаден сум, но потоа ми кажа дека може да постави добри услови за да играм за Србија, па останува на мене одлуката“, вели Кнежевиќ.

Кнежевиќ откри дека е заинтересиран да го облече дресот на Србија и дека татко му има српски пасош.

„Тоа е фудбалот, не треба да се гледаат другите работи. Свесен сум дека луѓето ќе гледаат различно, но мене ме интересира само фудбалскиот пат“, објаснува талентираниот фудбалер.