Хрватски фудбалер го понуди својот хотел за настраданите семејства во Петриња 📷


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Голем земјотрес од 6,2 степени според Рихтер ја погоди Хрватска, а најмногу настрада Петриња, каде што беше епицентарот на големиот потрес.

Голем број хрватски тимови и спортисти преку социјалните мрежи испратија пораки со поддршка, а еден од нив беше Дејан Ловрен, кој понуди сместување на 16 семејства кои останале без дом.

Неговиот хотел се наоѓа во Новаља, па ќе им понуди привремено сместување на семејствата, додека Матео Ковачиќ понуди помош преку неговата фондација.