Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Поранешниот хрватски репрезентативец Денис Бунтиќ неодамна заврши во притвор поради семејно насилство, откако крвнички ја претепа сопругата Клара пред нивното бебе.
Ова не бил прв физички напад кон сопругата, но Клара овој пат решила да го пријави во полиција затоа што Бунтиќ ѝ се заканувал.
Полицијата во нивниот стан пронашла и голема количина оружје, меѓу кои биле автоматски пушки и бомби.
„Шокирана сум што дозволуваат нашите институции. Каде да се јавам за да ме заштитат, сè е корумпирано. Кога ќе се соочиш очи в очи со смртта сфаќаш дека сакаш заштита. Се плашам за мојот живот“, кажа неговата сопруга.