Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бекот на хрватската репрезентација, Домагој Вида, кој во средбата против Турција го одиграл првото полувреме, е позитивен на коронавирус.
Вида беше капитен во пријателскиот меч кој заврши 3-3, а пред натпреварот не знаел дека е позитивен на вирусот.
Медицинската служба на хрватската репрезентација добила информација на полувремето дека постои еден потенцијално позитивен тест.
Селекторот Златко Далиќ во тој момент реши да го замени Вида, па докторите го изолираа репрезентативецот според сите прописи.
Вида следните денови ќе биде во самоизолација во истанбул, додека останатите репрезентативци и членови на стручниот штаб кои се негативни ќе заминат на мечот со Шведска.