Хрватски репрезентативец потпиша за Партизан


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Партизан доби големо засилување за продолжение на сезоната и предизвиците во Евролигата и АБА-лигата.

Гигантот од Белград соопшти дека потпишал договор со Џејлин Смит од Виртус Болоња кој може да игра како плејмејкер и бек-шутер.

Американецот е репрезентативец на Хрватска од 2022 година, а Партизан ќе му биде петти клуб од Европа во кариерата, откако претходно играше за Хејделберг, Лудвигсберг, Алба Берлин и Виртус Болоња.

Смит во италијанскиот тим постигнуваше по 5,3 поени во просек, а своето деби за Партизан ќе го има во 18. коло од Евролигата против Асвел.