Хрватскиот селектор удри по организаторите: Ни давате паштета и сирење во олимпиското село!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ватерполо репреентацијата на Хрватска славеше против Црна Гора на стартот на Олимписките игри во Париз.

Селекторот на Хрватска, Ивица Туцак сепак имаше замерки за организаторот и испрати јавни критики.

„Ако на играчите им давате паштета и сирење, а тоа се млади луѓе кои трошат енергија, тогаш не знам која ви е целта. Нема повеќе да зборувам за тоа, се фокусираме на мечот со Италија“, кажа Туцак.