Хуанфран откри зошто Нејмар често добива „ќотек“ на фудбалските терени


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ѕвездата на ПСЖ, Нејмар е еден од фудбалерите кои се најмногу фаулирани во претходните години, иако многумина сметаат дека Бразилецот претерува со неговите реакции.

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Хуанфран откри зошто Нејмар често добива „ќотек“ на фудбалските терени.

„Многу е тешко да се игра против Нејмар. Тој има ваков начин на игра што едноставно ги провоцира дефанзивците кои играат против него”, кажа Хуанфран.

Нејмар често беше надвор од теренот поради повреди кои ги добива од жестоките стартови на противниците, а тоа се случи и по дуелот против Лион по еден остар прекршок.