Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сараево го прокоцка водството на табелата и ја загуби титулата во босанскиот шампионат, а тоа ги изнервира навивачите кои направија непријатни сцени на тренингот на екипата.
Локалните медиуми пишуваат дека група навивачи влегла на тренингот, па физички ги нападнала фудбалерите, меѓу кои е и македонскиот репрезентативец Крсте Велкоски.
Навивачите на Сараево се разочарани затоа што нивниот тим ќе се бори само во финалето на Купот, но тоа нема да го намали незадоволството.
„Група навивачи утрово влезе на тренингот на првиот тим во тренинг-центарот и го прекина тренингот“, пишуваат босанските медиуми.
Сараево во среда го очекува нов меч, а станува збор за финалето од Купот во Босна и Херцеговина, во кој ќе се борат против новиот шампион Борец.