Хулигани со камења му ја дупнале главата на тренерот на Лион (Видео)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Дербито меѓу Олимпик Марсеј и Лион беше одложено откако хулигани на домашниот тим направија инцидент пред натпреварот.

Хулигани со камења го нападнале автобусот на гостите од Лион и притоа тренерот Фабио Гросо се здоби со тешки повреди.

Гросо заврши со крвава глава, откако со тврди предмети бил скршен прозорецот на автобусот кој ги пренесувал играчите на Лион.