Хуман гест на ФФМ: Донирани три амбулантни возила за клиниката Св. Наум Охридски


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Од Фудбалската Федерација на Македонија се одлучија за хуман потеги донираа три амбулантни возила за клиниката за хируршки болести Св. Наум Охридски.

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, директорот на Клиниката за хируршки болести, д-р Љубен Арсенков и економскиот директор на Клиниката за хируршки болести, Нермин Шакири во „Куќа на фудбалот“ го потпишаа договорот за отстапување на три целосно опремени амбулантни возила, марка CITROEN JUMPER кои ги набавува ФФМ за Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ .

– Ова време сите нас нѐ потсетува колку е важен животот и здравјето на луѓето. Наша должност како социјално одговорна институција е да помогнеме со надеж дека ќе придонесеме во ублажување на последиците од оваа состојба.

Во ова време, ФФМ, но и сите останати институции мора да покаже одговорност, единство и солидарност. Фудбалот е моќна сила во секое општество и едноставно, мораме да го покажеме своето најдобро лице, лице на солидарност и толеранција.

Нашата општествена одговорност досега многу пати била потврдена и ги повикуваме сите останати институции и компании, секој во рамки на своите можности да помогнат онаму каде што сметаат дека има потреба.

Исто така, повикуваме во секој момент да се следат препораките поддржувајќи ги здравствените институции во борбата против коронавирусот. Бидете силни, заедно ќе победиме и на овој натпревар, истакна претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини.