Хуман потег од Кирјос: Ќе ви донесам лично што имам, немој да спиете гладни! (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Австралискиот тенисер Ник Кирјос понуди помош до сите кои во овој кризен момент не можат да си помогнат сами на себе.

Пандемијата на коронавирусот го стопираше спортот во речиси целиот свет, па Кирјос и останатите тенисери немаат што да прават освен да тренираат дома.

Кирјос и врвните тенисери и покрај тоа полесно ќе ја минат кризата отколку луѓето со слабо платените работи.

„Ако било кој не работи или нема никаков приход и остане без храна… Ве молам немој да спиете со празни стомаци. Не плашете се и не се срамете да ми испратите приватна порака. Ќе бидам среќен да поделам со вас тоа што го имам во моментот“, напиша Кирјос.

View this post on Instagram

Real talk

A post shared by NK (@k1ngkyrg1os) on