Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Поранешната најдобра тенисерка во светот, Ана Ивановиќ реши да ѝ помогне на својата држава во вакви тешки денови.
Србија е една од големиот број држави, кои се погодени од коронавирусот, а Ана реши да испрати важна помош.
Пензионираната тенисерка донираше 35 респиратрои и останата медицинска опрема, која е неопходна во борбата со вирусот.
Ивановиќ е амбасадорка и на УНИЦЕФ, кој во една од минатите акции донираше 15 респиратори, па тоа се вкупно 50 кои ќе бидат доставени во Србија.
„50 респиратори, заштитна опрема и хигиенски сетови, во вкупна вредност од 500.000 евра ќе биде доставена во Србија“, се наведува на УНИЦЕФ.