Хуманоста на Шекил О’Нил нема крај!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шекил О’Нил е познат како човек со големо срце.

Познатиот кошаркар во НБА не жали пари за помош на обичните луѓе, а она што го направи пред неколку дена е навистина неверојатно.

Шек решил да плати за погребот на трагично загинато момче, Кешон Батисте (11), кој загинал во сообраќајна несреќа во Луизијана со една година постариот Трајвон Александар.

Бидејќи семејството на 11-годишниот Кесон немало осигурување за да го покрие погребот, тие почнале да собираат пари. Околу 4.000 американски долари недостасувале и тогаш О’Нил ја слушнал приказната.

Легендарниот кошаркар реши да плати се што е потребно за да се погребот на момчето, кој се одржи во саботата.

Шек знаеше како да помогне на сличен начин пред тоа и овој огромен човек има навистина огромно срце.