И Алегри сериозно се поврзува со тренерската позиција во Манчестер Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Масимилијано Алегри речиси сигурно ќе се врати на тренерската работа од следната сезона, откако оваа ја искористи да одмори по неговото заминување од Јувентус.

Алегри се поврзува со клупите на неколку тима, а „Телеграф“ пренесува дека сериозна опција за него е Манчестер Јунајтед.

„Ѓаволите“ повеќе преферираат да го донесат Маурисио Покетино со кого веќе имаат воспоставено контакти, но  ја оставаат отворена можнсота да го ангажираат Алегри доколку не се договоратсо Аргентинецот.

Инаку за Алегри се интересира и Милан, а можно е негово шокантно враќање во Јувентус, доколку Сари не успее да донесе успех во Торино оваа сезона.