ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Еден од најеминентните медиуми „ЕСПН“ пренесува дека од редовите на Челси одблиску ја разгледуваат ситуацијата со договорот на Пјер Емерик Обамејанг во Арсенал.
Габонецот би можел да го напушти „Емирејтс“ ова лето, а за него веќе има голем интерес од тимови ширум Европа.
Последен од тимовите кои се вклучија во трка за Обамејанг е Челси кој по се изгледа ќе извиси во трката за Тимо Вернер кој веројатно кариерата ќе ја продолжи во Ливерпул. Челси останува заинтересиран и за играчот на Лион, Муса Дембеле за кого постои интерес и од Манчестер Јунајтед, кој сепак своето внимание би можел да го насочи кон Џејдон Санчо, а во нападот доверба да му даде на Одион Игало.