И Јувентус ќе се обиде да ја искористи кризата во Сити и ќе тргне по еден важен играч на Гвардиола


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Тутоспорт“ пренесува дека Јувентус ќе се обиде во летниот преоден рок да го донесе фудбалерот на Манчестер Сити, Габриел Жезус.

Маурисио Сари дал зелено светло да се тргне по бразилскиот интернационалец кој би можел да си замине од клубот по забраната која ја доби Сити од УЕФА.

Јувентус нема да нуди големи пари и за Жезус ќе понуди сума од околу 60 милиони фунти која би била прифатлива за Сити доколку самиот играч одлучи да си оди од „Етихад“.