И камен ќе се скрши: Ќерката на Марадона во солзи, трибините празни… ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентина уште тагува по легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона, кој почина во средата, по што во државата беше прогласена тридневна жалост.

Бока јуниорс синоќа го совлада Њуелс олд бојс со 2-0, а стануваше збор за дуел меѓу два поранешни клубови на Марадона.

Натпреварот од свечената ложа го следеше неговата ќерка Далма, која не можеше да ги сокрие солзите, па заплака од местото од кое често ги гледаше натпреварите во присуство на нејзиниот татко.

Публика немаше на трибините, па навивачите на Бока не можеа на омилениот стадион да се збогуваат со фудбалскиот бог.