И Тен Хаг потврди дека Онана си заминува од клубот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ова лето некој од големите европски тимови ќе може да се засили со еден од најдобрите млади голмани во Европа, Андре Онана.

24 годишниот фудбалер на Ајакс неодамна најави дека би можел да замине од клубот, а сега тоа го потврди и тренерот на клубот, Ерик  Тен Хаг.

„Андре е многу важен за нас и секако дека не сакаме да го изгубиме. Но точно е дека имавме договор од минатата сезона за вакво сценарио, па ние ќе отстапиме доколку вистинскиот клуб испрати вистинска понуда за него“ –изјави Тен Хаг.