И тоа е можно: Динамо Загреб одби богата понуда од Манчестер Сити


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Сити испратил понуда за младиот фудбалер на Динамо Загриб, Антонио Марин кој има неколку настапи и за првиот тим на загрепските „Модри“.

„Калчомеркато“ пренесува дека „граѓаните“ во Загреб испратиле понуда во висина од десет милиони евра, но истата веднаш била одбиена.

Марин е роден во 2001 година и игра на позицијата лево крило. Оваа сезона за првиот тим на Динамо Загреб одигра четири натпревари на кои запиша една асистенција, додека е редовен во младинските категории на Динамо каде е најдобар фудбалер.

Во последниот натпревар против Челси, Марин постигна два погодоци кои за жал не беа доволни клубот да се пласира во полуфиналето од младинската Лига на шампиони.