И трет клуб се вклучи во борба за потписот на Меси!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси се чувствуваше многу лошо минатото лето, а тоа го откри во интервју за „РАЦ“, кога кажа дека сакал да го напушти тимот, но поранешниот претседател Жозеп Марија Бартомеу не му дозволил.

Шпанските медиуми сега пишуваат дека Меси на лето повторно ќе бара да си замине од тимот, доколку Барселона не добие конкурентен состав за сите титули, а се појави и трет клуб кој е заинтересиран за неговиот потпис.

Манчестер сити и ПСЖ се најголеми фаворити за неговиот потпис, но сега во борбата се вклучи и Интер, кој ќе се обиде да го добие Аргентинецот. Поточно, компанијата „Сунинг“ има намера да потпише повеќегодишен договор со Меси.