Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Македонија за првпат ќе настапи на Европското првенство (ЕП) во нашата историја, а првиот натпревар се игра на 13 јуни против Австрија и тоа од 18 часот.
Пред самиот турнир Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги промовираше новите дресови, од кои првиот е во бордо боја, а тоа предизвика гневни реакции кај навивачите.
По реакцијата на навивачите и петицијата која ја почнаа, ФФМ објави дека го враќа стариот дрес со кој играа фудбалерите пред да обезбедат пласман на ЕП, но само ако Европската куќа на фудбалот (УЕФА) го дозволела тоа.
Меѓутоа, УЕФА денеска објави фотографија на социјалните мрежи со прашање, а индиректно порача дека знае кој треба да ни биде дрес.
⚽️🗓️ 🔟 days to go to #EURO2020!
— UEFA EURO 2020 (@EURO2020) June 1, 2021
Can you name this number 10? 👀 pic.twitter.com/Dw99ZDyo5k