Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен доживеа срцев удар за време на мечот меѓу Данска и Финска на Европското првенство (ЕП), по што интервенираа докторите и му го спасија животот.
Ериксен во моментов одмара во неговиот дом, а во болница му беше вграден дефибрилатор, кој ќе му ја заврши кариерата, барем така мислат многумина, но не и Дејли Блинд.
Блинд им одржа лекција на сите кои тврдат дека Ериксен ќе ја заврши кариерата, па смета дека не треба да му дадат уште една шанса.
„И по мојот инцидент сите мислеа дека ја завршив кариерата. Погледнете ме каде сум сега. Треба да го оставите на мир. Ми пречи кога луѓето тврдат дека неговата кариера е готова. Не знаете колку е тешко да се слушне тоа“, вели Блинд.