Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона ќе остане без Луис Суарез на подолг период, а играчот кој се очекуваше да биде негова замена, Осман Дембеле повторно заработи потешка повреда која ќе го оддалечи од терените најмалку три месеци.
Со оглед дека доаѓаат клучни месеци за Барселона, каталонскиот клуб ќе побара од шпанската федерација да им биде овозможено да купат еден играч иако е крај на преодниот рок.
Се правеле вакви исклучоци и во минатото, а Барселона за да го реализира тоа ќе мора да исполни неколку услови.
Имено, замената на повредениот играч мора да е фудбалер кој е регистриран во Шпанија, што значи дека Барса ќе мора да бара напаѓач во натпреварувањата во оваа земја. Барселона има 20 дена од денот на потврдата на повредата на својот играч, во случајов Дембеле, да го извести сојузот дека сака да донесе негова замена. После тоа медицинскиот комитет би имал три дена да го прегледа барањето на клубот и доколку се биде одобрено, Барселона ќе има 15 дена да донесе нов напаѓач.