Ибака трејдуван во Орландо, Оладипо оди во Оклахома

Серж Ибака ќе ја продолжи кариерата во Орландо после тоа што овој клуб договори трејд со Оклахома.

Во спротивен правец ќе заминат Виктор Оладипо, Ерсан Иљасова и Домантас Сабонис.

„Ибака е фантастичен кошаркар кој ќе донесе цврстина во нашиот рекет. Има големо искуство и мислам дека направивме вистински потег. Виктор многу даде за нашиот клуб, така да и него и на Ерсан му посакуваме се најдобро во иднина“, изјави Хениган, генералниот менаџер на Меџик.

Ибака минатата сезона имаше учинок 12.6 поени и 6.8 скока, а Оладипо 16 поени и 3.9 асистенции.