Ибиши потпиша за Шкупи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шкупи се засили со еден од најдобрите напаѓачи во Првата лига, а тоа е 23-годишниот Џемал Ибиши кој стави потпис на соработка до 2025 година.

Ибиши е фудбалер кој игра како центарфор, а располага со одлична техника и инстинктивна брзина за гол.

„Среќен сум што ќе играм за Шкупи кој има големи амбиции. Благодарност за топлото добредојде од страна на моите нови соиграчи, стручниот штаб и раководството на тимот. Привилегија е да се игра во таква средина“, кажа Ибиши.

Напаѓачот во минатото играше за Вардар, Тиквеш, Локомотива Загреб, Дубрава, Загреб и Ориент Риека.