Ибра избра нов број за следната сезона, Инзаги порача: Клетвата е уништена!


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ реши да потпише нов договор со Милан, каде што ќе игра со нов број во следната сезона.

Се очекува Ибра да го носи бројот 9, кој не беше среќен за напаѓачите на Милан по заминувањето на Филипо Инзаги, но легендарниот напаѓач смета дека клетвата сега е уништена.

„Тешко е во Милан да се носи бројот девет на дресот, но таа клетва не постои и тоа само ме насмеа. Сепак, самиот факт што Ибра го зема тој број, сигурно ја уништи клетвата доколку таа постои“, кажа Инзаги.

Ибрахимовиќ минатата сезона играше со бројот 21 на дресот.