Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Златан Ибрахимовиќ го исполни ветувањето и ја освои МЛС-лигата, барем кога станува збор за титулата за најдобар фудбалер.
Швеѓанецот ја доби наградата за најдобар фудбалер во американското првенство, а зад себе го остави Карлос Вела.
Ибра го доби трофејот и преку Инстаграм им се заблагодари на тие што гласаа за него. Секако, Ибра тоа го направи во свој стил.
„Ви благодарам за трофејот, знаете како треба да гласате и добро сте знаеле што правите. Тука нема грешка, најдобри сте како и јас“, порача Ибра.
Во описот на видеото Ибра напиша МЛЗ наместо МЛС и порача дека треба и лигата да се нарекува во негова чест.