Ибра кажа дека игра „бесплатно“ за Милан и ги налути газдите!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ во интервју за „Газета дело Спорт“ ги налути газдите на Милан, кога кажа дека игра бесплатно за италијанскиот клуб.

Ибра потпиша договор со Милан до крајот на сеззоната со хонорар од 3,5 милиони евра и 500.000 евра бонуси, а тоа се одлични услови за 38-годишен фудбалер.

Исто така, Ибра има уште една клаузула во договорот која најверојатно ќе се активира. Таа е да одигра барем 50% од натпреварите од пристигнување во клубот до крајот на сезоната.

Ибрахимовиќ досега одигра 15 натпревари од можни 20, а до крајот на сезоната останаа уште пет дуели. Тој постигна и шест голови и три асистенции, од што по еден и против Јувентус, Интер и Лацио.

„Длабоко сме вознемирени со изјавата на Ибрахимовиќ“, соопштија од клубот.