„Ибра ни кажа дека оди да потпише за Милан, а на крајот заврши во Интер“


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Поранешниот италијански фудбалер Федерико Балзрети кажа една анегдота поврзана со Златан Ибрахмовиќ.

Иако многу работи се случија со Ибрахимовиќ и неговата кариера, сепак Балзарети носи интересна приказна од времето кога играа заедно во Јувентус.

„Бевме на ручек со екипата на Јувентус и Златан ни кажа дека оди да потпише за Милан. Кога се врати, го прашавме како поминал, а тој кажа: Добро е, потпишав за Интер. Тоа никогаш нема да го заборавам“, вели Балзарети.

Балзарети играше за Јувентус од 2005 до 2007 година, додека Швеѓанецот во Торино беше од 2004 до 2006 година, по што потпиша за Интер.