Ибра по дербито му држеше лекции на Круниќ на – босански јазик! ?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фудбалерите на Милан во саботата победија во големото дерби против Интер со 2-1, а мечот го одбележа Златан Ибрахимовиќ со два погодоци.

Швеѓанецот покажа дека уште е рано за пензија, иако има 39 години, а интересно е тоа што по натпреварот кога „росонерите“ го прославија успехот во центар на внимание беа Раде Круниќ и Златан Ибрахимовиќ.

Може јасно да се забележи дека Ибрахимовиќ нешто му приговори на босанскиот фудбалер, а Круниќ реагираше на тоа затоа што не му се допадна.

Италијанските медиуми пишуваа за овој детал и не им е јасно што кажаа Ибра и Круниќ бидејќи тоа го направија на босански јазик, иако на видеото не може јасно да се слушне за што зборуваат.