Ибра покажа таеквондо уметност и го предизвика Погба (ВИДЕО)


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ утринава го предводеше Лос Анџелес Галакси до победа против Торонто.

Искусниот Швеѓанец постигна два гола во победата од 2-0 на Галакси и покажа дека рано му е за пензија, иако има 37 години.

Веќе одамна е познато дека Ибра е љубител на боречките вештини и има црн појас во таеквондо, а сега своите вештини ги покажа.

Тој беше успешен во предизвикот во кој беше „предизвикан“ со удар со нога да отвори шише, по што реши да го предизвика Пол Погба да го направи истото.