Ибра повторно имаше свое шоу: „Германска машино, изгледаш одлично за еден 50-годишник“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Некогашните играчи на Манчестер Јунајтед Вејн Руни, Бастиан Швајнштајгер и Златан Ибрахимовиќ се собраа на едно место.

Имено, тројцата играчи се сретнаа во Орландо каде ќе се одигра Ол-Стар натпревар во американската МЛС лига.

Ибрахимовиќ настапува за ЛА Галакси, Руни за Д.Ц Јунајтед, а Швајнштајгер за Чикаго Фајр и сите тројца ќе настапат на натпреварот на најдобрите играчи во американската лига.

Сепак, занимлива беше средбата на овие играчи, а Ибра повторно го украде шоуто.

Швеѓанецот при средбата со Швајни му прокоментира: „Германска машино! Мој пријателу, изгледаш одлично за еден 50-годишник“.