Ибра распука во најлош момент – го обвини селекторот за расизам!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шведска пред два дена убедливо ја совлада Малта со 4-0, па притоа си направи одлична атмосфера пред мечот против Шпанија, кадешто тие би можеле да направат важен чекор во квалификациите за Евро 2020.

Сепак, да не помине победата во најдобар ред се погрижи Златан Ибрахимовиќ, кој го обвини селекторот Јан Андерсон за расичам.

Ибрахимовиќ го обвини Андерсон дека фудбалерите со „мигрантско“ потекло не биле на првата листа со фудбалери.

„Неговиот прв спиок, што се случи? Колку фудбалери од различно потекло беа на списокот? Никој. Го прашаа да објасни, но тој го избегна одговорот“, вели Ибрахимовиќ.

Легендата на шведскиот фудбал кажа дека Андерсон го уништил тоа што Ибра го градел во претходните 20 години, а притоа мислеше на мултикултура во репрезентацијата.