Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Милан остана на првата позиција на табелата, но не успеа да ги освои трите бодови во мечот против Верона (2-2).
Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ постигна гол во финишот за реми, но на средината на второто полувреме промаши пенал, односно ја испрати топката над голот.
Швеѓанецот веќе промаши трет пенал по ред и сега реши самиот да се казни и повеќе да не изведува пенали во дресот на „росонерите“.
„Лут сум поради ремито и промашениот пенал. Следниот ќе му го оставам на Кеси. Беше важно да не загубиме, но очигледно сакаме победа во секој меч. Пред првенството треба да се има некаква цел, па така и во текот на шампионатот. Не може да излеземе само на теренот и да играме“, објасни Ибрахимовиќ.