Ибра се потсети на детството: Балкански корени! ?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Шведскиот фудбалер од редовите на Милан, Златан Ибрахимовиќ објави фотографија на социјалните мрежи и се присети на неговото детство.

На фотографијата се наоѓа напаѓачот заедно со повозрасен човек, а иако не може точно да се одреди каде е фотографиран, сепак најверојатно станува збор за Босна и Херцеговина, од каде што потекнува неговиот татко.

„Балкански корени“, напиша напаѓачот на Милан во описот на фотографијата, која го врати во минатото.

Ибра е роден во 1981 година во Малме, а порасна во Шведска, додека неговите корени се од БиХ.