Ибра со стил се одјави од ЛА Галакси: Го баравте Златан, ви го дадов Златан… (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако постоеја минимални шанси Златан Ибрахимовиќ да остане во Лос Анџелес Галакси, сепак тоа нема да се случи.

Потврда за таквото нешто е и пораката на Ибрахимовиќ кој во свој стил се одјави од тимот во кој помина две многу успешни сезони.

„Дојдов, видов, освоив. Ви благодарам Лос Анџелес Галакси што направивте да се чувствувам жив повторно. До фановите на Галакси, -го сакавте Златан, ви го дадов Златан. Нема на што. Приказната продолжува…Сега вратете се и гледајте бејзбол“ –напиша Златан Ибрахимовиќ на социјалните мрежи.