Ибрахимовиќ купи „ѕвер“ од 4 милиони евра (Фото)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ вчера го прослави својот 44-ти роденден, а како и секоја година, ја продолжи традицијата. Се почести со нов луксузен автомобил, а за својот избор се пофали на социјалните мрежи со порака: „Среќен роденден Златане“, пишува Aftonbladet.

Неговата гаража е побогата за Ferrari F80, најновиот хиперавтомобил од Маранело. Автомобилскиот експерт Матс Нилсон објаснува како ова беше логичен потег за славниот фудбалер. „Целосно е во право што го купува, така што неговата колекција на модерни Ферариеви ѕверови е комплетна“, рече Нилсон.

Во галеријата погледнете детали за автомобилот што го купи за 44-тиот роденден и какви имал во текот на изминатите години.