Ибрахимовиќ ѝ се налути на „ЕА Спортс“: Заработувате пари на мој грб, време е за истрага!


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ ѝ се налути на „ЕА Спортс“ затоа што го користела неговиот лик и име во популарната видео-игра ФИФА, а притоа никој не го прашал за негова дозвола.

Ибрахимовиќ испрати порака преку социјалните мрежи и кажа дека ќе се води истрага поради овој случај, зашто се заработуваат пари на неговото име без да го прашаат.

„Кој дал дозвола на ФИФА и „ЕА Спортс“ да го користи моето име и лице? ФИФпро? Не знам дека сум член на ФИФпро и ако сум тоа е под некој чуден маневр. Сигурно не сум дал некаква дозвола да заработите користејќи ме мене. Некој заработува на моето име без некаков договор сите овие години. Време е за истрага“, порача Ибрахимовиќ.