Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ има 39 години, но игра во фантастична форма и покажа дека има уште квалитет за да игра на врвно ниво.
Ибрахимовиќ планира да игра додека може да ги постигне неговите цели на теренот.
„Ќе продолжам да играм додека можам да ги правам работите како што ги правам сега. Сакам само да бидам добар физички, другото само ќе се среди. Ние сме во неверојатна форма, играме одлично, добри сме. Но се уште не сме освоиле ништо, тоа не смееме да го заборавиме“, кажа Ибра.
„Чувствувам како овде да сум бил во различни генерации. Играв против Паоло Малдини, а сега играм со неговиот син Даниел. Се надевам дека во иднина ќе играм и со синот на Даниел, тоа ќе биде вистинско чудо“, се пошегува Ибрахимовиќ.