Ибрахимовиќ: Би му дал на Меси да шутира пенали – јас три, па тој еден!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ даде интересно интервју за официјалната страна на Европската фудбалска федерација (УЕФА).

Ибрахимовиќ зборуваше за многу работи поврзани со неговата кариера, а потоа доби и прашање за Лионел Меси, а неговиот одговор беше специјален.

Новинарот го праша Ибрахимовиќ како би изведувал пенали ако покрај него е Меси.

„Јас би изведувал пенали 100 проценти, зашто јас би бил капитен на тимот и ќе решавам за тоа. Би шутирал три пенали, па потоа би му оставил еден на него и така од почеток“, кажа Ибрахимовиќ.

Ибрахимовиќ сезонава е феноменален. Тој одигра 10 натпревари и постигна 11 голови и две асистенции.