Ибрахимовиќ даде своја анализа и ги спореди Мбапе и Халанд


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ е 18 години повозрасен од Килијан Мбапе и дури 19 од Ерлинг Халанд, а имаше богата кариера во која играше за многу европски гиганти.

Во моментов овие двајца тинејџери се најпосакувани во светот и уште сега рушат рекорди, па им се предвидуваат големи кариера, а ниту Ибрахимовиќ не е сигурен кој е подобар од нив двајца.

„Кого сакам меѓу младите? Сакам елегантни фудбалери, кои се комплетни. Кога си фудбалер, знаеш како да се движиш, како да размислуваш и да се однесуваш. Ги сакам тие што ги предвидуваат работите пред да се случат. Мислам дека Мбапе ме потсетува на Роналдо. халанд е исто така многу силен, зашто е опседнат со постигнување голови. Го гледам како интелигентен играч“, кажа Ибрахимовиќ.