Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан во 30. коло од Серија А ја победи Парма на гости со 3-1 со головите на Ребиќ, Кеси и Леао. Во истиот меч Ибрахимовиќ заработи црвен картон во 60. минута.
Тренерот Стефано Пиоли тврди дека Швеѓанецот бил неправедно исклучен, а на крајот Италијанците заклучија дека судијата не го разбрал што му кажал напаѓачот.
Мареска сметал дека Ибрахимовиќ го нарекол копиле, но Швеѓанецот всушност се зачудил зошто судијата на реагира на неговото мислење.
„Ибрахимовиќ ми кажа дека постојано водел дискусија со судијата, но не му покажал непочит и апсолутно не го навредувал. Ми кажа дека последно нешто што кажал е: Значи не си заинтересиран да слушнеш што имам да кажам?“, вели Пиоли.