Ибрахимовиќ добил забрана за влез во соблекувалната на Милан


Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Поранешниот шведски напаѓач Златан Ибрахимовиќ реши да се врати во Милан и да работи како советник на тренерто Стефано Пиоли.

Ибрахимовиќ ќе може да биде со тимот на натпреварите на Милан, но не смее да влегува во соблекувалната, туку ќе мора да остане на трибините.

Причина за тоа не е Милан, туку правилата на Серија А според кои само одредени луѓе можат да влезат во соблекувалната на некоја екипа.

Ибрахимовиќ ќе биде дел од организацискиот тим на „росонерите“ и ќе се најде на трибините на дуелите на Милан.