Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ мора да паузира до крајот на 2020 година, откако претходно се повреди против Наполи и паузира веќе неколку недели.
Иако се шпекулираше дека може да се врати следниот викенд, сепак ситуацијата се искомплицира, па би можеле да го очекуваме назад на теренот на почетокот на 2021 година.
„Тутоспорт“ пишува дека Милан мора да бара нови решенија во нападот, а веќе има две желби за јануарскиот преоден рок, и тоа се Оливие Жиру од Челси и Лука Јовиќ од Реал Мадрид.
Во моментов се водат почетни преговори меѓу Милан и споменатите екипи, а засега не е познато кој би бил нов напаѓач на екипата од „Сан Сиро“.