Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Златан Ибрахимовиќ ја освои титулата во Серија А со Милан, а по тешката сезона мораше да оди на операција, па нема да може да игра фудбал дури осум месеци.
Имаше шпекулации дека ќе ја заврши кариерата, но Ибрахимовиќ има намера да го продолжи договорот со Милан на уште една сезона.
Раководството на Милан е подготвено да му понуди нов договор, а наскоро ќе почнат преговорите меѓу двете страни.
Ибрахимовиќ ќе добие помала плата од сегашната, а притоа ќе добие бонус за голови и асистенции, додека по пензијата сака да стане амбасадор на Милан, но очигледно нема да запре со фудбалот пред неговата 41. година.