Ибрахимовиќ дозна дали ќе може да игра на ЕП за Шведска


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ се повреди минатата недела во дуелот меѓу Јувентус и Милан (0-3) поради што мораше да го напушти теренот.

Ибрахимовиќ заработи повреда на коленото поради кое имаше многу проблеми во претходните сезони, а најпрво сите сметаа дека ќе мора да го пропушти Европското првенство (ЕП), но сепак тој ќе биде подготвен за настап.

Италијански „Скај Спорт“ објави дека Швеѓанецот бил на дополнителни прегледи, кои покажале дека не му се повредени лигаментите на коленото што е големо олеснување за него.

Ибрахимовиќ посети доктори во Италија, кој го оперираше пред четири години кога заработи тешка повреда на коленото.

Прегледите покажаа дека повредата не е сериозна, односно дека Ибрахимовиќ на теренот ќе се врати за три недели, што значи дека треба да биде подготвен за првото коло против Шпанија.