Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Златан Ибрахимовиќ ќе биде газда во соблекувалната на Милан, откако се врати во италијанскиот клуб минатата недела, а во понеделникот го одигра првиот меч за „росонерите“ во ремито против Сампдорија (0-0).
„Кориере дело Спорт“ пишува дека Ибра се поставил како газда во соблекувалната, па побарал промена на формацијата и свој партнер во нападот.
Тренерот Стефано Пиоли реши да ја смени формацијата од досегашните 4-3-3 во 4-3-1-2, а партнер на Швеѓанецот во нападот ќе биде Рафаел Леао.
Тие двајца на теренот поминаа половина час против Сампдорија и шведскиот фудбалер покажал желба да игра со талентираниот напаѓач.
Тоа значи дека на клупата ќе завршат Сусо и Криштоф Пјонтек, кои не играат најдобро во последниот период, па некој од нив би можел да го напушти и тимот.