Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Златан Ибрахимовиќ е тој кој го има главниот збор без разлика каде игра. Неговиот карактер и став се главни причини зошто во Барселона го отпиша Пеп Гвардиола.
Ако некаде се чувствува како дома, тогаш тоа дефинитивно е Милано, каде што без конкуренција е главен, но некој друг во екипата е претседател.
Станува збор за Франк Кеси, кој направи храбар потег на паркингот пред кампот во Милано.
„Едно утро дојдов во тренинг-кампот и се паркирав на местото на претседателот Газидис. Ми кажаа да го тргнам автомобилот зашто не смеам таму да паркирам, а јас им одговорив: Нема проблем, јас сум новиот претседател на Милан“, кажа Кеси.