Ибрахимовиќ ги запали „росонерите“: Ајде сега еден поздрав за Чалханоглу! (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан по 11 години пауза конечно го освоија Скудетото, откако завршија пред градскиот ривал Интер со кој водеа тешка битка во текот на целата сезона.

Ветеранот Златан Ибрахимовиќ помогна со своето искуство во освојување на титулата, па на прославата реши да го земе микрофонот и повторно да направи шоу, а притоа и да го „пецне“ Хакан Чалханоглу.

Турскиот репрезентативец минатата сезона играше за Милан, по што направи големо предавство и се пресели во Интер, а потоа кажа дека сака повторно да ја освојат титулата со „нераѕурите“.

Меѓутоа, на Чалханоглу сите му се смеат во моментов затоа што избега од Милан токму поради тоа што не можеше да ја освои титулата, а сега пак остана без неа.